Родри направи голем чекор кон можен трансфер во Барселона. Според шпанските медиуми, шпанскиот репрезентативец му дал зелено светло на спортскиот директор на каталонскиот клуб за преселба на „Камп Ноу“, со што практично ги оттурнал шпекулациите за евентуален трансфер во Реал Мадрид.
По добиената согласност од фудбалерот, Барселона започнала со подготовка на преговорите со Манчестер Сити. Сепак, реализацијата на зделката нема да биде едноставна, бидејќи англискиот шампион не е подготвен да го продаде својот играч за сума помала од 50 милиони евра.
Интересот на Барселона за Родри значително се засилил поради неизвесноста околу здравствената состојба на Френки де Јонг. Холандскиот играч моментално се лекува со конзервативна терапија, но според информациите од Шпанија, сè поголеми се шансите да мора да оди на операција.
Доколку дојде до хируршка интервенција, Де Јонг би можел да паузира меѓу четири и пет месеци, па Барселона веќе работи на ангажман на играч кој би ја пополнил празнината во средниот ред.
За Родри интерес покажуваше и Реал Мадрид, кој наводно имал почетен договор со играчот. Сепак, долгите преговори му овозможиле на каталонскиот клуб да се вклучи во трката и да ја добие согласноста од шпанскиот репрезентативец.
И покрај договорот со фудбалерот, трансферот сè уште не е финализиран. Следуваат преговори меѓу Барселона и Манчестер Сити, а англискиот клуб останува на ставот дека нема да го пушти Родри за помалку од 50 милиони евра.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













