Connect with us

Родри ја избрал Барса пред Реал, потврди неговиот агент

Агентот на шпанскиот репрезентативец Родри, Пабло Баркеро, потврди дека неговиот клиент одлучил да му се приклучи на Барселона и ја одбил понудата од Реал Мадрид.

Играчот од средниот ред веќе ги договорил личните услови со каталонскиот клуб, а следниот чекор е Барселона да започне преговори со Манчестер сити за финализирање на трансферот.

Се очекува зделката да биде вредна околу 50 милиони евра. Родри веќе одбил да потпише нов договор со „граѓаните“, а неговиот актуелен договор со англискиот шампион истекува следното лето.

„Од почит кон Реал Мадрид, Родри ги информираше дека избрал да премине во Барселона“, изјави Баркеро за емисијата „Ел Ларгуеро“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови