Најдобриот фудбалер на Вардар, крилниот напаѓач од Уганда, Роџерс Мато, потпишал преддоговор со шкотскиот Хартс и во јуни, по завршување на договорот со македонскиот клуб, без оштета ќе се пресели во Шкотска.
„Со големо задоволство објавуваме дека постигнавме договор со интернационалецот од Уганда, напаѓачот Роџерс Мато, кој ќе стане играч на Хартс ова лето.
22-годишниот фудбалер ќе се приклучи на клубот во јули, по истекот на неговиот договор со македонскиот клуб Вардар, и ќе потпише тригодишен договор.
Благодарение на неговите голови оваа сезона, Роџерс стана еден од најзабележителните млади играчи во Европа и неодамна настапи на Африканскиот куп на нации“, се вели во дел од објавата на официјалниот клупски сајт на Хартс.
Во јули, како што информира Хартс, Роџерс Мато со шкотскиот клуб ќе потпише тригодишен договор.
Претходно, Хартс му понуди 350.000 евра на Вардар, потоа наводно ја зголемил сумата и на 500.000 евра, за што нема прецизна потврда, но раководството на македонскиот клуб побара 1.500.000 евра отштета.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













