Connect with us

Роберто Мартинез: Португалија не е меѓу фаворитите за СП 2026

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, смета дека неговата репрезентација не треба да се вбројува меѓу главните фаворити, туку меѓу сериозните кандидати за трофејот на Светското првенство во 2026 година.

„Само репрезентациите кои веќе го имаат освоено Светското првенство можат да се сметаат за вистински фаворити. Од психолошки аспект, сознанието дека претходните генерации го имаат подигнато пехарот носи посебна сила. Сепак, имам огромна доверба во оваа група фудбалери и во начинот на кој живеат за националниот тим“, изјави Роберто Мартинез во разговор за „Марка“.

Португалскиот селектор истакна дека репрезентациите на Шпанија и Германија моментно се во одлична форма, додека Франција, Бразил и Аргентина ги смета за селекции кои се создадени за настапи на големи турнири.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а за првпат во историјата ќе учествуваат 48 национални селекции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови