Роберто Манчини е на чекор до враќање на селекторската функција во италијанската фудбалска репрезентација. Според информациите, Италијанската фудбалска федерација подготвила договор до 2030 година, според кој Манчини би заработувал два милиони евра по сезона.
Поранешниот европски шампион со „аѕурите“ е многу блиску до нов мандат на клупата на четирикратниот светски првак. Планот е Манчини да ја предводи селекцијата до крајот на Светското првенство во 2030 година, со можност за предвремен раскин доколку Италија повторно не ги исполни очекувањата во квалификациите.
Италијанскиот фудбал се наоѓа во турбулентен период по новото големо разочарување и пропуштеното трето последовно Светско првенство. По неуспехот во баражот против Босна и Херцеговина, селекторот Џенаро Гатузо поднесе оставка, а своите функции ги напуштија и претседателот на федерацијата Габриеле Гравина, како и шефот на делегацијата Џанлуиџи Буфон.
Привремено кормилото на националниот тим го презеде Силвио Балдини, кој дотогаш ја водеше младата репрезентација до 21 година. Тој ги предводеше „аѕурите“ на пријателските натпревари против Луксембург и Грција, по што се очекува да се врати на работата со младинската селекција.
Манчини веќе беше селектор на Италија во периодот од 2018 до 2023 година. Неговиот најголем успех беше освојувањето на Европското првенство во 2021 година, но неговиот прв мандат остана запаметен и по неуспехот да се избори пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Во последните недели италијанските медиуми како главни кандидати за селекторската позиција ги споменуваа Манчини и Антонио Конте, додека Масимилијано Алегри постепено отпадна од комбинациите. Сепак, според најновите информации, Манчини во моментов е најреалната опција за враќање на клупата на националниот тим.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Халанд: Мечот со Англија е специјален за мене
Втора лига
Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички













