Connect with us

Роберто Карлос жестоко му одговори на Роналдо: Ако не можеш да го освоиш Мундијалот, не го обезвреднувај

Изјавата на Кристијано Роналдо дека Европското првенство има иста тежина како Светското предизвика бурни реакции во фудбалската јавност, а меѓу оние кои не се согласуваат со португалската ѕвезда е и легендарниот Роберто Карлос.

Поранешниот бразилски репрезентативец без задршка го критикуваше ставот на Роналдо, кој повторно ја бранеше својата теза по елиминацијата на Португалија од Мундијалот во Северна Америка.

„Да кажеш дека Европското првенство е еднакво на Светското е смешно. Ако не си способен да го освоиш најголемиот трофеј во фудбалот, не се обидувај да го обезвреднуваш. Тоа е срамно“, порача Роберто Карлос.

Роналдо во богатата кариера освои бројни индивидуални и клупски трофеи, а со Португалија стигна и до европската титула, но трофејот од Светското првенство остана недостижен за него.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови