Италијанскиот Комо официјално го потврди ангажманот на голманот Роберт Санчез, кој пристигнува на едногодишна позајмица од премиерлигашот Челси. Договорот беше финализиран во последниот ден од преодниот рок во Серија А.
Санчез ќе го носи дресот на Комо во сезоната 2026/27, а во договорот меѓу двата клуба нема вклучено ниту опција, ниту обврска за откуп на неговиот договор.
Шпанскиот голман стана вишок на „Стемфорд Бриџ“ по пристигнувањето на аргентинскиот репрезентативец Емилијано Мартинез, за кого претходно во летото сериозен интерес покажуваше и Јувентус.
Welcome to Como, Robert! 🧤 pic.twitter.com/kn4MvNtolv
— Como1907 (@Como_1907) September 1, 2026
Се очекува Санчез да донесе дополнителна конкуренција и да биде алтернатива за актуелниот прв голман на Комо, Жан Бутез, во пресрет на историската сезона во која клубот за првпат ќе настапува во Лигата на шампионите.
Санчез не е првиот фудбалер на Челси кој ова лето се пресели во Комо. Пред него пристигна и централниот дефанзивец Тревох Чалоба, за кого италијанскиот клуб плати 30 милиони евра.
Комо во текот на летниот преоден рок значително го засили составот и со италијанскиот репрезентативец Моисе Кин, кој беше платен 40 милиони евра. Покрај него, клубот ги ангажираше и Самуеле Ричи, Матија Либерали од Катанзаро, Луис Милја од Хетафе, Јан Коуто од Борусија Дортмунд, Каики од Крузеиро, Андрес Куенка од Барселона и Вили Камбуала од Виљареал.
„Тој е квалитетен голман со сериозно присуство, но исто така се чувствува многу удобно со топката во нозете и може да ни помогне во изградбата на нападите од последната линија. Многу сме среќни што го пречекуваме во Комо“, порачаа од италијанскиот клуб.
Санчез, пак, не го криеше задоволството по официјалното пристигнување во новата средина.
„Многу сум среќен, пречекот беше фантастичен. Среќен сум што сум тука и ќе дадам сè од себе за да му помогнам на тимот да напредува. Едвај чекам да започнам“, изјави шпанскиот голман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













