Напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон, размислува за судски раскин на договорот со лондонскиот клуб, објави „Атлетик“. Бразилецот не беше пријавен во составот на Тотенхем за сезоната 2026/27 во Премиер-лигата.
Фудбалерот го информирал раководството дека сака да го напушти клубот, по што бил изоставен од регистрацијата за сезоната. Сепак, Ришарлисон не успеа да пронајде нов клуб.
29-годишниот напаѓач и неговите претставници во моментов ја разгледуваат можноста за покренување судска постапка со цел раскин на преостанатиот дел од договорот со Тотенхем.
Ришарлисон е член на лондонскиот клуб од летото 2022 година, а неговиот договор е со важност до јуни 2027 година.
Минатата сезона Бразилецот забележа 43 настапи во сите натпреварувања, при што постигна 12 гола и запиша пет асистенции.
Според „Трансфермаркт“, пазарната вредност на Ришарлисон во моментов изнесува 25 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













