Connect with us

Ришарлисон ќе игра во тандем со Салах во Трабзонспор?

Ришарлисон е на прагот на заминување од Тотенхем, а неговата следна дестинација би можела да биде Турција. Бразилскиот репрезентативец не е во плановите за иднината на лондонскиот клуб, а интересот за неговите услуги веќе прерасна во конкретна понуда.

Менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, неодамна потврди дека тројца фудбалери побарале да го напуштат клубот, меѓу кои и Ришарлисон. Иако преодниот рок во најсилните европски лиги е затворен, во Турција сè уште има можност за реализација на трансфери.

Најконкретен во обидот да го доведе Бразилецот е Трабзонспор, кој веќе испратил понуда до Тотенхем.

Доколку се реализира трансферот, Ришарлисон би можел да има можност да настапува во тандем со Мохамед Салах.

Ришарлисон во Тотенхем пристигна во летото 2022 година од Евертон за околу 60 милиони фунти. Од него се очекуваше да биде големо засилување во нападот, но во Лондон никогаш не успеа континуирано да ја покаже формата со која се наметна во Евертон и во репрезентацијата на Бразил.

Во дебитантската сезона постигна само еден гол во Премиер-лигата, односно три во сите натпреварувања на 36 настапи. Во следната сезона следуваше значително подобро издание со 12 гола, од кои 11 во првенството.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови