Екипата на Шкупи против Арсими го одигра најдобриот натпревар во оваа сезона, но неискуството и спортската среќа не беа на страната на екипата од Чаир. Така размислува и Марио Ричков, кој се надева дека лошата серија ќе се прекине на натпреварот во Струга.
„Не следеше лоша среќа во неколку натпревари, но веруваме дека овој пат ќе ја прекинеме таа серија и ќе стигнеме до позитивен резултат. Иако сè уште немаме забележано победа, како млад тим се подобруваме од натпревар до натпревар. Работнички во моментов е во резултатска криза и се надеваме дека ќе го искористиме овој момент за да ги освоиме трите бода и да се вратиме со победа.“
Ричков нагласува дека Работнички е добро анализиран и дека се воочени нивните слабости.
„Го познаваме добро Работнички како екипа, бидејќи таму играат многу од нашите поранешни соиграчи, како Демир Имери, Флориан Кадриу и други кои поминале низ Чаир. Сепак, ги анализиравме детално – и нивните слабости и доблести. Мотивирани сме и максимално фокусирани да дадеме сè од себе на теренот.“
Натпреварот Шкупи – Работнички се игра во Струга со почеток во 15:00 часот
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













