По двете врзани победи (2-1 против Скопје и убедливите 5-0 против Коњари во Купот), во таборот на Башкими владее вистинска еуфорија и оптимизам пред дуелот со актуелниот шампион Вардар.
Кумановци минатата недела го победија Скопје на гости, за прв триумф сезонава, а дека кризата е зад нив потврдија со петардата во мрежата на третолигашот БВБ Коњари, како идеална увертира пред денешната пресметка со скопските „црвено-црни“.
Луис Рибеиро е во одлична форма и посакува позитивната серија на Башкими да продолжи и денеска во Куманово.
„Пресметките против Вардар секогаш носат посебен мотив и емоција. Сакаме полни трибини и нова победа за продолжување на низата. Ги поканувам сите навивачи да ни дадат ветер во грбот, па на крајот заедно да славиме“, порача Рибеиро.
Иако традицијата е на страната на “црвено-црните” кои на претходните 18 меѓусебни дуели имаат 11 победи, наспроти 4 на Башкими и 3 нерешени резултати, кумановци се подготвени за борба до последен свиреж.
Дуелот меѓу Башкими и Вардар се игра денеска на Градскиот стадион во Куманово со почеток во 16:00 часот, а правдата ќе ја дели Александар Грујоски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













