Mакедонската репрезентација до 19 години со натпреварот против Босна и Херцеговина денеска од 13 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ги започнува натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во УЕФА Елитна фаза квалификации за ЕП.
Избраниците на Горан Станиќ веруваат дека може да се дојде до позитивен резултат против БиХ кој би ги отворил портите во битката за првите две позиции во групата во која уште се и големиот фаворит за првото место, Англија и селекцијата на Луксембург.
„Одработивме добри подготовки, сите сме максимално спремни и со нетрпение го очекуваме првиот натпревар. Атмосферата меѓу нас е одлична, се надевам дека тоа ќе го пренесеме и на теренот против Босна и Херцеговина. Ќе биде тежок натпревар, противникот исто така ќе ја бара својата шанса, но со исполнување на задачите од стручниот штаб сметам дека имаме можност и квалитет за добар резултат“ – вели пред денешниот меч напаѓачот Давид Тошевски.
Вториот натпревар од нашата група меѓу Англија и Луксембург се игра исто така од 13 часот, но на стадионот во Ѓорче Петров.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













