Connect with us

Репрезентативците на Вардар ќе добијат дополнителен одмор пред стартот на подготовките

Актуелниот македонски шампион, Вардар, подготовките за претстојниот предизвик во Лигата на шампионите ќе ги реализира во италијанската база Норчија.

Сепак, експедицијата на „црвено-црните“ на почетокот ќе биде некомплетна.

​Поради репрезентативните обврски за Македонија на пријателските средби со БиХ во Сараево и со Турција во Истанбул, клубот одлучи да им излезе во пресрет на своите репрезентативци. Давор Талески, Бобан Николов, Дарко Велковски, Ѓорѓије Јанкулов и Азер Омерагиќ добија заслужени дополнителни денови за релаксација, а на тимот во Италија ќе му се приклучат на 13-ти јуни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови