Македонскиот прволигаш Ренова се подготвува за новата сезона и се надева дека ќе биде резултатски многу поуспешна од минатата кога едвај го задржа статусот во елитата откако во бараж меч по изведување пенали го елиминира второлигашот Охрид Лихнидос.
Тренерот Ќатип Османи сака да задржи дел од најискусните. Раководството ги слуша неговите барања и ја обнови соработката со капитенот Арѓент Гафури, искусниот играч за врска Бурим Садики и со дефанзивецот Џелил Абдула. Тие остануваат во редовите на „гипсарите“ и следната сезона.
Претходно, Ренова го ангажираше и Александер Борха, а се раздели со напаѓачот Ален Јашароски со кого не најде заеднички јазик за продолжување на договорот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski