Connect with us

Ренџерс го „тресна“ Селтик, Миовски доби шанса во финишот

Глазгов Ренџерс убедливо го доби големото шкотско дерби против Селтик со 3-0 и обезбеди место во полуфиналето на Лига Купот на Шкотска.

„Сините“ уште во првото полувреме го најавија триумфот. Даниел Нил во 23. минута го отвори резултатот и му донесе предност на Ренџерс.

Во вториот дел домаќинот продолжи со силното темпо, а Кевин Келси во 59. минута зголеми на 2-0. Точка на убедливата победа стави повторно Нил, кој во 75. минута го постигна својот втор гол на натпреварот за конечни 3-0.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски натпреварот го започна на клупата, а тренерот му даде шанса во самиот финиш. Напаѓачот влезе во игра во 87. минута, заменувајќи го стрелецот на вториот гол, Кевин Келси.

Ренџерс со убедливиот триумф го елиминираше големиот ривал и продолжува во полуфиналето на шкотскиот Лига Куп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови