Connect with us

Реми за Македонија У20 на вториот тест со Косово

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ремизираше (3-3) против Косово на вториот пријателски натпревар што се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски”. Првиот натпревар меѓу овие две селекции заврши со минимална победа на Македонија од 1-0.


Нашите фудбалери одлична го започнаа натпреварот, рано успеа да постигнат погодок преку Трпчевски за водство од 1-0. Пропуштивме неколку добри шанси да заминеме на полувреме со поубедлива предност.

Во продолжението од средбата, студен туш за нашата селекција. Противникот со фуриозна игра од 57 до 72. минута успеа да постигне три гола за убедлива предност.

Но, и тоа не им беше доволно за победа, зошто во 74. и 78.минута со головите од пенал на Крстевски и на Тодоровски, Македонија израмни за конечни 3-3.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови