Фудбалерите на Челси со реми ја затворија календарската година, откако на „Стемфорд Бриџ“ одиграа 2-2 против Борнмут во 19. коло од Премиер – лигата. Двата гола што ги примија „сините“ дојдоа по идентични ситуации – по уфрлувања од аут.
По разочарувањето против Астон Вила, тимот на Енцо Мареска влезе во натпреварот со јасен императив – победа. Сепак, гостите од југот на Англија подобро го отворија дуелот и веќе во шестата минута поведоа преку Дејвид Брукс, кој најдобро се снајде по аут-линијата.
Реакцијата на Челси беше брза. Кол Палмер во 11. минута реализираше пенал за израмнување, откако ВАР сигнализираше прекршок над Естевао. Иако Борнмут продолжи храбро, „сините“ повторно поведоа преку Енцо Фернандез во 23. минута, кој на јубилејниот 100. настап постигна ефектен гол.
Сепак, радоста на домаќините траеше кратко. Само четири минути подоцна, Џастин Клајверт погоди на втората статива по ново уфрлување од аут и ја казни лошата реакција на одбраната на Челси.
Во вториот дел, домаќините имаа иницијатива, но недостасуваше завршница, додека Борнмут преку транзиција остана опасен до самиот крај. Резултатот не се промени, па Челси со поделба на бодовите ја заврши годината.
Њукасл, пак, дојде до значајна победа на гостувањето кај Барнли со 1-2, благодарение на одличниот старт. Жоелинтон уште во втората минута погоди по асистенција на Гордон, а пет минути подоцна предноста ја зголеми Јоан Виса. Барнли успеа само да намали со убавиот волеј на Џош Лорент.
Без победник заврши и дуелот меѓу Вест Хем и Брајтон (2-2). Џерод Боувен рано донесе водство за „чеканите“, но Велбек израмни од пенал. Пакета повторно погоди од белата точка, пред Џоел Велтман да постави конечен резултат по лошата интервенција на Ареола.
Нотингем Форест ја заврши годината со ново разочарување, откако пред своите навивачи загуби од Евертон со 0-2. Гарнер го отвори резултатот во првото полувреме, а Тиерно Бери ја потврди победата на гостите во финишот, со што Евертон ја заврши годината на солидната осма позиција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













