Брера и Струга Трим Лум одиграа натпревар без голови во Струмица, во 21.коло од Првата фудбалска лига. Иако и двете екипи имаа неколку изгледни шанси, на крајот затаи реализацијата.
Стружани имаа поголем посед, создадоа неколку шанси преку Компаоре, Малески и Јевтоски, но не го отворија резултатот.
Не беше без шанси и Брера, а најголемата можност ја имаа Никола Величковски и Леонардо Петровиќ во 52. минута, но голманот на Струга, Васко Василев одлично интервенираше.
Во завршницата, Струга Трим Лум притискаше да дојде до предност, но, сепак, остана почетниот резултат.
Башкими славеше против Шкупи со 0-2. Овој меч се одигра во Куманово, а формално домаќин беше Шкупи. Ор и Рибеиро беа стрелци на головите за Башкими.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













