Connect with us

Реал загуби два меча во Ла Лига првпат по седум години

Реал Мадрид остана на четири бода зад лидерот во Ла Лига, Барселона, по изненадувачкиот пораз од Хетафе со 0-1. „Кралевите“ ја разочараа публиката на „Сантијаго Бернабеу“ и беа испратени со свирежи од сопствените навивачи.

Пред една седмица шпанскиот гигант загуби и од Осасуна. Рекордерот по број на титули во Ла Лига немаше врзано два последовни порази во првенството уште од сезоната 2018/19. Тогаш Реал нанижа три порази во април 2018 година и уште два во мај 2019 година.

Против Хетафе, „кралевите“ имаа серија од осум последовни победи сè до синоќа. Последен пат тимот од мадридското предградие го совладал славниот ривал во 2022 година. Тренерот на Хетафе, Хосе Бордалас, за првпат во својата кариера славеше победа против Реал Мадрид.

За Реал ова беше четврти пораз под водство на Алваро Арбелоа. Откако поранешниот дефанзивец застана на чело на тимот, „кралевите“ имаат и осум победи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови