Флорентино Перез подготвува големи промени во играчкиот кадар на Реал Мадрид ова лето, по уште една разочарувачка сезона. Главната цел ќе биде засилување на средниот ред, а се чини дека претседателот на „кралскиот клуб“ веќе има јасна идеја кого сака да доведе.
Реал Мадрид и оваа сезона не ги исполни очекувањата и постои голема веројатност вторпат по ред да остане без освоен трофеј. Секако, тоа за клуб од ваков калибар се смета за сериозен неуспех, бидејќи секоја сезона целта е освојување на што повеќе титули.
По поразот од Баерн Минхен и елиминацијата од Лига на шампиони, во Реал владее турбулентен период, а Перез одлучил летово да направи промени и во играчкиот и во тренерскиот кадар.
Алваро Арбелоа речиси сигурно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, а истото би можело да се случи и со неколку првотимци кои ќе бараат нова средина.
Главната цел на Флорентино Перез е засилување на средниот ред, особено по заминувањата на Лука Модриќ и Тони Крос, како и фактот дека Едуардо Камавинга и Аурелиен Чуамени не ги исполнија целосно очекувањата.
Особено се издвојува Камавинга, кој дури би можел да биде ставен на трансфер-листа.
Според шпанските медиуми, Перес има јасна цел, Алексис Мекалистер од Ливерпул.
Аргентинецот и претходно се поврзуваше со Реал Мадрид, но тогаш немаше конкретна понуда, па започна преговори за нов договор со „црвените“.
Сепак, ситуацијата повторно се промени откако Реал се врати со сериозен интерес, а Аргентинецот наводно е отворен за трансфер во Мадрид.
Во Ливерпул се подготвени да го продадат доколку пристигне соодветна понуда, па не се исклучува можноста ова лето да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













