Американецот Пелегрино Матарацо е назначен за нов шеф на стручниот штаб на шпанскиот фудбалски клуб Реал Сосиедад, соопштија од клубот.
Договорот на 48-годишниот стручњак е до крајот на следната сезона. Претходно тој беше тренер на германските клубови Штутгарт и Хофенхајм.
На 14 декември, Шпанецот Серхио Франсиско беше разрешен од функцијата главен тренер на Реал Сосиедад. Јон Ансотеги ја извршуваше улогата на привремен тренер на гостувањето кај Леванте (1-1).
По 17 одиграни натпревари, Реал Сосиедад има 17 бода и се наоѓа на 16. место на табелата во шпанското првенство. Во следниот натпревар, на 4 јануари, тимот ќе го пречека Атлетико Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













