Новата сезона во Лигата на шампионите започна спектакуларно. На „Сантијаго Бернабеу“ се одигра вистинско дерби, во кое Реал Мадрид со 2-1 го совлада Интер и со победа тргна во европската елита. Манчестер Сити, пак, ја оправда фаворитската улога во Португалија, додека голови во изобилство имаше и на натпреварите во Лил и Дортмунд.
Дуелот во Мадрид донесе интересен тек на настаните. Интер имаше поголем посед на топката и во добар дел од натпреварот изгледаше рамноправно со домаќинот, но две големи грешки на „нерoаѕурите“ беа прескапо платени.
Во 14. минута Реал Мадрид стигна до водство по голем подарок од Кeртис Џонс. Англичанецот пред сопствениот шеснаесетник ја загуби топката, Бисек не можеше да спаси, а Килијан Мбапе безмилосно ја казни грешката за 1-0.
Само девет минути подоцна следуваше нов шок за гостите. Овојпат голманот Мартинез се обиде со дриблинг да се ослободи од Федерико Валверде во сопствениот петерец, но направи неверојатна грешка. Валверде ја искористи ситуацијата и зголеми на 2-0.
Интер не се предаде и во второто полувреме успеа да се врати во натпреварот. Во 77. минута Карлос Аугусто погоди за 2-1 и внесе неизвесност во финишот, но Реал Мадрид издржа до последниот свиреж и ги освои трите бода.
Манчестер Сити со победа ја започна европската сезона. „Граѓаните“ славеа со 0-2 на гостувањето кај Порто, а главниот актер беше Ерлинг Халанд.
Норвежанецот ги постигна двата гола за тимот на Манчестер Сити – првиот во 47. минута, а вториот во судиското продолжение, со што стави точка на натпреварот.
Возбудливо беше и во Лил, каде што Бетис славеше со 2-3 против францускиот претставник.
Домашниот тим на полувремето имаше предност од 2-1, но Бетис одигра одлично во продолжението и со пресврт стигна до голема гостинска победа.
Борусија Дортмунд, пак, пред своите навивачи со 3-2 го совлада Виljареал во уште еден исклучително интересен натпревар.
Она што е особено интересно е што сите пет гола беа постигнати во второто полувреме, во кое публиката на „Сигнал Идуна Парк“ уживаше во вистинска голгетерска пресметка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













