Реал Мадрид со многу труд и борба дојде до важна победа против Леганес на домашен терен, триумфирајќи со 3-2. „Кралевите“ беа во негатива на полувремето (1-2), но Килијан Мбапе со одлучувачки погодок ја донесе победата и го одржа тимот во трката за шампионската титула. Со оваа победа, Реал има 63 бодови, исто колку и лидерот Барселона, која има одиграно натпревар помалку.
Мбапе во 32. минута реализираше пенал и му донесе предност на Реал, но гостите брзо возвратија преку Диего Гарсија. Леганес продолжи со одлична игра, а во 41. минута Дани Раба погоди за нов пресврт, замолкнувајќи го „Сантијаго Бернабеу“.
Во вториот дел, тимот на Карло Анчелоти тргна по бодовите. Џуд Белингам во 47. минута израмни, а конечниот удар го зададе Килијан Мбапе во 76-та минута со прекрасен погодок од слободен удар, со што ја обезбеди тешко извојуваната победа за својот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













