Connect with us

Реал се фокусира на Чуамени и на Стерлинг

Реал Мадрид ги разгледува опциите за својот летен избор откако не се реализираше трансферот на Килијан Мбапе. „Кралевите“ преговараат со Монако за Аурелиен Чуамени, а се насочија и кон Рахим Стерлинг, чиј договор со Манчестер Сити истекува за една година. Според шпанските медиуми, мадридскиот гигант за крилниот напаѓач ќе понуди 50 милиони фунти.


Стерлинг го загуби стартното место во тимот на „граѓаните“ и веќе некое време размислува за разделба. Последните два преодни рока беше поврзуван за трансфер во Барселона, но сега би можел да го засили Реал Мадрид.

Чуамени наводно дал согласност за трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, а сега двата клуба треба да ја договорат отштетата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови