Connect with us

Реал се договорил со Енцо Фернандес, но сега следат и преговорите со Челси

Реал Мадрид постигнал начелен договор со фудбалерот за врска на Челси, Енцо Фернандес, за петгодишна соработка. Сепак, сега следат преговори со англискиот премиерлигаш.

Според информациите, новиот тренер на „кралскиот клуб“, Жозе Мурињо, е еден од најголемите поддржувачи на идејата аргентинскиот репрезентативец да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“. Во исто време, европскиот шампион Пари Сен Жермен нема намера летово да се раздели со Витиња и Жоао Невеш, што дополнително ги ограничува опциите на трансфер-пазарот за врвни играчи од средниот ред.

Сепак, евентуалниот трансфер нема да биде лесен за реализација. Челси го проценува Фернандес на сума меѓу 110 и 118 милиони фунти, па раководството на Реал Мадрид ќе мора внимателно да одлучи дали да ги исполни финансиските барања на лондонскиот клуб или да се насочи кон подостапни решенија.

Аргентинецот и претходно беше поврзуван со преселба во Мадрид. Во текот на сезоната тој дури беше изоставен од составот на Челси на неколку натпревари поради изјави поврзани со неговата желба еден ден да го облече дресот на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови