Connect with us

Реал подготвен да му понуди нов договор на Бензема

Реал Мадрид планира да го продолжи договорот со напаѓачот Карим Бензема. Шпанскиот гигант сака да потпише нов договор со Французинот со важност до летото 2025 година.


Така, Реал сака да му ја покаже довербата на Бензема и покрај информациите за можниот трансфер на Килијан Мбапе од ПСЖ.

Оваа сезона, 33-годишниот француски напаѓач одигра осум натпревари за Реал Мадрид, постигна девет гола и забележа седум асистенции.

Сегашниот договор на фудбалерот има важност до јуни 2023 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови