Connect with us

Реал по продолженија го елиминира Атлетико од Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Реал Мадрид се пласира во полуфиналето на Купот на Шпанија откако го доби градското дерби против Атлетико Мадрид со 3-1, дури по продолженија. „Кралевите“ мораа да вложат дополнителена напор за да стигнат до триумф, а победничкиот гол беше дело на Карим Бензема во 104.минута. Во 120.минута, Винисиус Жуниор постигна трет гол како потврда за триумфот.


Само пет минути подоцна Стефан Савиќ, дефанзивецот на Атлетико Мадрид, беше исклучен поради два жолти картони.


Во регуларниот тек, Алваро Мората го доведе Атлетико Мадрид во водство со голот во 19.минута. Реал Мадрид израмни преку Родриго во 79.минута од дуелот.


Покрај Реал Мадрид, полуфиналисти во Купот на Шпанија се и Барселона, Осасуна и Атлетик Билбао.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови