Килијан Мбапе повторно ќе ја пропушти наредната средба на Реал Мадрид. Новиот тренер Алваро Арбелоа ќе мора да ја состави офанзивата без својот најдобар стрелец за саботниот дуел против Леванте на „Сантијаго Бернабеу“.
Францускиот напаѓач и понатаму се соочува со проблеми во левото колено. И покрај тоа што во четвртокот тренираше речиси нормално, болката не го напушта, што го спречува да игра и по неодамнешното патување во Саудиска Арабија за финалето на Суперкупот. Против Барселона успеа да настапи само 15 минути.
Отсуството на Мбапе продолжи и во куп-натпреварот против Албасете, каде „кралевите“ доживеаaа шокантен пораз со 3-2 и беа елиминирани. Сега фудбалската ѕвезда нема да биде дел и од натпреварот против Леванте, оставајќи го тимот со дополнителен предизвик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













