Шпанскиот репрезентативец Родри наместо во Реал Мадрид одлучи да замине во Барселона, но во „кралскиот клуб“ не жалат премногу бидејќи веќе пронајдоа нов играч за средниот ред – и тоа име кое никој не го очекуваше.
Реал Мадрид во досегашниот дел од преодниот рок потроши огромни средства за засилувања и доведе неколку звучни имиња, но очигледно сè уште не го кажал последниот збор.
„Кралевите“ сакаат да го засилат и средниот ред, па за многумина доведувањето на Родри беше речиси завршена работа. Сепак, потоа неочекувано дојде до пресврт.
Родри наместо во Реал одлучи да замине во Барселона, што ги изненади многумина бидејќи со „Кралевите“ наводно веќе имал договорено сè. Сепак, откако Барса се вклучила во приказната, играчот за врска на Манчестер Сити се предомислил.
Но, во Мадрид не жалат премногу за Родри и веќе се свртеа кон други решенија кога станува збор за средниот ред, кој Жозе Мурињо сака да го засили.
Се појави информација дека „кралевите“ веќе воспоставиле контакт со фудбалерот кого сакаат да го доведат како засилување во средниот ред, но малкумина очекуваа по кого ќе тргнат.
Имено, со Реал Мадрид сè посериозно се поврзува италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели, кој би можел да пристигне во Мадрид од Јувентус.
Наводно, во Реал сметаат дека Локатели би бил одлично засилување за средниот ред и играч со карактеристики кои во моментов му се потребни на тимот.
„Кралевите“ веќе извесно време се обидуваат да најдат играч за врска кој може да ги замени Лука Модриќ и Тони Крос, а тоа требаше да биде Родри. Но, откако трансферот пропадна, се свртеа кон Локатели.
🚨💣 BREAKING: Real Madrid have IDENTIFIED Manuel Locatelli as a midfield target! 🇮🇹
— Madrid Pulse (@Madridpulse0) August 7, 2026
The Juventus captain is admired for his composure, defensive discipline and ability to CONTROL games from deep.
Madrid see him as a potential successor to Kroos & Modrić. 👀🔥@Ekremkonur pic.twitter.com/9INngHc05p
Локатели има договор со Јувентус до летото 2030 година, кој го продолжи пред неколку месеци. Сепак, откако дознал дека Реал се распрашува за него, на својот агент јасно му ставил до знаење дека сака да замине во Мадрид, бидејќи таква можност не се укажува често.
Реал наскоро би требало да ги започне преговорите за Локатели, кои сигурно нема да бидат едноставни бидејќи Јувентус не сака да остане без својот капитен непосредно пред почетокот на сезоната.
Сепак, Флорентино Перез и во минатото покажа дека сè е можно кога имате доволно пари и ќе понудите нешто што клубовите не можат да го одбијат. Затоа, ќе биде интересно да се види каква понуда ќе испрати Реал Мадрид за Локатели.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













