Реал Мадрид ја засили заинтересираноста за фудбалерот на Манчестер Сити, Родри, и е подготвен да направи сериозни чекори за негово доведување, тврдат британските медиуми.
Раководството на „кралскиот клуб“ е загрижено поради недостатокот на силни лидери во тимот во последните сезони. Во Реал го гледаат 29-годишниот Шпанец како идеален кандидат за оваа улога, играч способен да го води тимот на теренот и да ја зацврсти одбраната, но и организацијата на играта во средниот ред.
Ситуацијата се дополнително компликува поради фактот што Родри и Манчестер Сити планираат во наредните месеци да разговараат за продолжување на неговиот тековен договор, кој истекува летото 2027 година. Сепак, изворите истакнуваат дека играчот размислува за враќање во родниот Мадрид.
Оваа сезона Родри забележа 18 настапи за Сити во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол.
Моментната вредност на фудбалерот за врска се проценува на околу 75 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













