Реал Мадрид го забележа дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, како потенцијална трансферна цел за летото. „Кралскиот клуб“ сигурно ќе се засили во срцето на одбраната по проблемите што ги имаше оваа сезона, а аргентинскиот репрезентативец е меѓу најпосакуваните засилувања.
Тешките повреди на Давид Алаба и Едер Милитао го оставија Карло Анчелоти со многу малку опции во одбраната. Ова го принуди стратегот да му даде шанса на младиот Раул Асенсио, кој покажа добар потенцијал. Сепак, во клубот сметаат дека е неопходно да се донесе барем уште еден дефанзивец во летниот преоден рок.
Реал одамна го следи развојот на Кристијан Ромеро, а сега изгледа дека е вистинскиот момент да испрати официјална понуда. Во договорот на Аргентинецот нема откупна клаузула, па „кралевите“ ќе треба да достават доволно примамлива понуда за да го убедат Тотенхем да се раздели со еден од своите клучни фудбалери. Се верува дека ќе треба да платат најмалку 70 милиони евра за неговите услуги.
Сепак, Ромеро не е единствената опција за „кралевите“. На „Сантијаго Бернабеу“ размислуваат и за други засилувања во одбраната. Еден од кандидатите е Џеред Братвајт од Евертон, но тој би бил уште поскап, бидејќи „карамелите“ му поставиле цена од 80 милиони евра. Поизводлива опција е Јонатан Тах од Баер Леверкузен, чиј договор истекува, што значи дека може да биде донесен како слободен играч. Сепак, тој е пред договор со Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













