Раководството на Реал Мадрид ја определи позицијата централен играч за врска како една од трите на кои сака да се засили ова лето, а меѓу трансферните цели на клубот е фудбалерот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди. Неговата откупна клаузула изнесува 60 милиони евра.
Минатото лето 26-годишниот шпански репрезентативец одби неколку понуди од врвни клубови во Европа, вклучително и од Ливерпул. Сепак, во моментов Реал Мадрид гледа најголема конкуренција во Арсенал, кој исто така е заинтересиран да го обезбеди неговиот потпис.
Според „АС“, мадридскиот клуб ја намалил дистанцата со Арсенал во последните недели и веќе одржал неофицијални разговори со Зубименди. Целта била да го потврдат својот интерес и да ги слушнат условите што би ги посакал играчот.
Вечерва двата тима играат реванш натпревар од полуфиналето во Кралскиот куп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













