Connect with us

Реал Мадрид сака да го купи Диоманде во наредните 24 часа

Реал Мадрид ги интензивира напорите за што побрзо да го комплетира трансферот на Јан Диоманде. Преговорите меѓу двата клуба денеска повторно се активирани, а следните 24 часа ќе бидат клучни за завршување на договорот.


Целта е крилниот напаѓач што е можно побрзо да ги мине лекарските прегледи и да не мора да отпатува со екипата на РБ Лајпциг на подготовките во Австрија.

Диоманде веќе ги договорил личните услови со Реал Мадрид и ќе потпише договор до 2031 година. Според непотврдени информации, последната понуда на „кралскиот клуб“ изнесува околу 120 милиони евра, додека Лајпциг бара уште 10 милиони. Сепак, нема сомнеж дека двете страни на крајот ќе постигнат договор.

Вчера дел од шпанските медиуми објавија дека трансферот доцни поради несогласувања меѓу менаџерските агенции, но според најновите информации, вистинската причина е што клубовите сè уште немаат постигнато конечен договор за обесштетувањето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови