Реал Мадрид долго време имаше сè под контрола, но за малку ќе испуштеше сигурна победа на гостувањето кај Елче. Сепак, „кралевите“ во самиот финиш се спасија и со гол во 91. минута славеа со 2-3.
🚨🇪🇸 CARLOS ESPI HAS WON IT IN THE 91ST MINUTE FOR REAL MADRID! 🤯🤯
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 15, 2026
Elche 2-3 Real Madrid.pic.twitter.com/OJmsPKFO1T
Гостите одлично го отворија натпреварот и по само половина час имаа предност од два гола.
Во 25. минута Арда Ѓулер изведе слободен удар, топката го закачи Дитуро и заврши во мрежата на Елче. Само осум минути подоцна, Килијан Мбапе го удвои водството на Реал Мадрид.
Елче, сепак, не се откажа и по паузата успеа целосно да го врати натпреварот во неизвесност.
Осорио во 71. минута намали на 1-2, а 12 минути подоцна Нино Фер го постигна израмнувачкиот погодок за 2-2.
Реал Мадрид одеднаш се најде во ситуација да стравува и за бодот, но во последните минути гостите го засилија притисокот.
Наградата стигна во 91. минута. Килијан Мбапе асистираше, а Карлос Еспи ја затресе мрежата на Елче за конечни 2-3 и големи три бода за „Кралевите“.
Реал Мадрид испушти водство од два гола, дозволи Елче да израмни, но сепак во последниот момент најде начин да стигне до победата и да избегне големо разочарување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













