Connect with us

Реал Мадрид преговара со Марсело Брозовиќ, Камавинга ставен на трансфер-листа

Марсело Брозовиќ би можел да биде едно од најизненадувачките засилувања на Реал Мадрид во летниот преоден рок. Поранешниот хрватски репрезентативец моментално е слободен агент по три сезони поминати во Ал-Наср, каде што беше соиграч со Кристијано Роналдо.

Според информациите, „кралевите“ веќе оствариле контакт со претставниците на Брозовиќ и започнале разговори за можен ангажман. Хрватскиот играч за врска е фудбалер кој му се допаѓа на новиот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, иако двајцата досега немале можност да соработуваат.

Наводно, потенцијалниот договор би бил на една сезона, а Реал во Брозовиќ гледа искусен фудбалер кој може да донесе стабилност и дополнителен квалитет во средниот ред.

Брозовиќ остави длабока трага во историјата на Интер. За клубот од Милано настапуваше осум години, одигра повеќе од 260 натпревари и беше еден од лидерите на тимот во периодот кога „нероаѕурите“ се вратија на врвот на италијанскиот фудбал.

За репрезентацијата на Хрватска настапуваше до 2024 година, кога по Европското првенство реши да се повлече од националниот тим. За „коцкестите“ запиша 99 настапи и беше еден од најважните играчи во најуспешната ера на хрватскиот фудбал.

Од друга страна, многу веројатно од Мадрид ќе мора да си замине Едуардо Камавинга. Новиот тренер Жозе Мурињо денеска имал состанок со францускиот интернационалец и му соопштил дека тој нема да биде во неговите планови. Играчот за врска има договор, но ќе биде ставен на трансфер-листа и се очекува да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови