Connect with us

Реал Мадрид прави терен за трансферот на годината – Килијан Мбапе

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе и дефинитивно одби да потпише нов договор со ПСЖ и нема да биде изненадување ако го напушти Париз до крајот на преодниот рок. ПСЖ неколкупати му понуди на Мбапе нов договор од почетокот на годината бидејќи не сакаат да го загубат својот најдобар играч, но францускиот напаѓач ги изненади одлучувајќи дека не сака да потпише продолжување на соработката.


Мбапе има договор со парижаните на уште една година и доколку не потпише нов договор, постои можност следното лето да го напушти клубот без обештетување, што би бил огромен удар за ПСЖ. Затоа, се повеќе се шпекулира дека ПСЖ ќе го продаде Мбапе до крајот на преодниот рок доколку не успеат да го убедат да потпише нов договор.


ПСЖ би можел да заработи над 150 милиони евра од неговата продажба, што е огромна сума пари. Но, клубот сè уште се надева дека Мбапе ќе се предомисли. Сепак, негова единствена желба е кариерата да ја продолжи во дресот на Реал Мадрид.


„Марка“ открива дека кралскиот клуб „подготвува терен“ за доаѓањето на Мбапе и дека се обидуваат да ја соберат потребната сума пари за да можат да го купат од ПСЖ.


Реал мора да продаде неколку играчи, а се чини дека Рафаел Варан, кој е на чекор до преселба во Манчестер Јунајтед, ќе биде меѓу првите што ќе го напушти клубот. „Кралевите“ од неговиот трансфер ќе заработат 50 милиони евра, кои ќе бидат вложени во доаѓањето на Мбапе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови