Connect with us

Реал Мадрид најоштетен поради лоши одлуки на ВАР-системот во Ла Лига, а најмногу профитирале Барселона и Атлетико Мадрид

ВАР системот повторно се најде во центарот на вниманието во Шпанија откако Техничкиот комитет на судии јавно призна сериозни недостатоци во неговото функционирање.

По анализа на 51 натпревар од Ла Лига, беа забележани дури 10 погрешни судиски одлуки.

Извештајот покажува дека Атлетико Мадрид и Барселона најмногу имаат корист од контроверзните ВАР-интервенции, додека Реал Мадрид најчесто трпи поради судиските грешки.

Ова признание доаѓа во време кога навивачите на „кралскиот клуб“ повторно изразуваат незадоволство од, како што велат, непостапување по фер критериуми. Очекувањата се дека овие нови податоци ќе предизвикаат нови реакции и ќе ги засилат дебатите за употребата на технологијата во фудбалот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови