Connect with us

Реал Мадрид му предложи нов договор на Рудигер

Реал Мадрид му понудил на Антонио Рудигер продолжување на договорот за уште една година. Сегашниот договор на искусниот германски дефанзивец истекува во јуни 2026 година, но мадридскиот клуб сака да го задржи најмалку до 2027.

Раководството на „кралскиот клуб“ е задоволно од неговите настапи и смета дека тој останува важен дел од одбраната, па не сака да ризикува да го изгуби без обештетување.

Според „АС“, Реал ја разгледува опцијата за едногодишно продолжување, бидејќи клубот е задоволен и од неговата физичка форма и од стабилните настапи во последниот период. Ова се вклопува во нивната политика за продолжување на договори на играчи постари од 32 години на годишна основа, како што претходно беше случај со Лука Модриќ, Тони Крос и Начо Фернандез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови