Реал Мадрид донел конечна одлука околу иднината на Винисиус Жуниор и повеќе нема намера да ги продолжува преговорите за нов договор, пренесува шпанска „Марка“.
Според весникот, раководството на „кралскиот клуб“ смета дека дошло време да се стави крај на неизвесноста околу иднината на бразилската ѕвезда. Дополнителен притисок создал и интересот на Арсенал, кој наводно работи на негов ангажман.
Реал веќе го известил таборот на Винисиус дека последната понуда за продолжување на соработката е конечна. Ново зголемување на платата нема да има, ниту пак ќе следува нов круг преговори.
Пораката од „Сантијаго Бернабеу“ е јасна – доколку Винисиус ја прифати понудата, ќе остане во клубот со нов договор. Во спротивно, Реал е подготвен уште ова лето да ја разгледа можноста за негова продажба, со цел да избегне ситуација тој да влезе во последната година од договорот и подоцна да замине без обештетување.
Иако во Мадрид и понатаму го сметаат Бразилецот за еден од најважните фудбалери во тимот и сакаат да ја продолжат соработката, не се подготвени да ја нарушат платната структура во соблекувалната.
Раководството останува на ставот дека ниту еден играч, без разлика на неговото значење, не може да добие услови што ќе ја нарушат финансиската рамнотежа во клубот.
Во меѓувреме, пристигнувањето на Диоманде, кој може да игра на двете крилни позиции, му отвора нови тактички можности на тренерот Жозе Мурињо. Со тоа, зависноста од Винисиус би можела значително да се намали.
Доколку договорниот спор продолжи, не е исклучена можноста Бразилецот да ја загуби и стартната позиција во тимот, сценарио кое до неодамна изгледаше незамисливо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













