Дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, се наоѓа на листата на трансферни желби на Реал Мадрид, пренесуваат англиските медиуми.
Мадридскиот клуб го гледа Аргентинецот како квалитетно засилување за дефанзивната линија. Се истакнува дека идниот тренер на Реал, Чаби Алонсо, лично е заинтересиран за овој трансфер. Тој треба да ја започне својата работа пред Светското клупско првенство.
Минатото лето, „кралскиот клуб“ веќе се обиде да го доведе Ромеро, но Тотенхем тогаш ја одби понудата. Сега, со оглед на тоа што Тотенхем се наоѓа на 17. место на табелата во Премиер – лигата, клубот е подготвен да го ослободи Ромеро доколку пристигне соодветна понуда.
Трансферната вредност на Ромеро се проценува на 55 милиони евра.
Покрај Ромеро, Реал Мадрид сака да го купи и дефанзивецот на Борнмут, Дин Хујсен. Неговата трансферна вредност изнесува околу 60 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













