Реал Мадрид ќе се обиде да ја направи атмосферата на „Сантијаго Бернабеу“ уште понепријатна за Арсенал утревечер, надевајќи се дека ќе успее да направи историски пресврт во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако првиот натпревар во Лондон го загуби со 0-3.
„Кралевите“ ќе се потпрат на огромната поддршка од своите навивачи, а дополнително ќе ја засилат атмосферата со затворање на покривот на стадионот. Од клубот добиле дозвола од УЕФА натпреварот да се одигра со затворен покрив – нешто што може да има значително влијание на атмосферата.
Реновирањето на „Бернабеу“ овозможи поставување подвижен покрив, кој Реал Мадрид може да го користи по сопствен избор во натпреварите од Ла Лига. Меѓутоа, за натпревари во Лигата на шампионите потребна е претходна дозвола од УЕФА, а одлуката мора да биде донесена однапред и не може да се менува во текот на натпреварот (на пример, на полувреме).
„Кога покривот е затворен, акустиката е различна, погласно е, атмосферата е многу подобра. Тоа може да го мотивира тимот уште повеќе“, изјави Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













