Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, вети дека ќе се обиде да реализира еден од најголемите трансфер во историјата на клубот. Тој повторно ги истакна своите амбициозни планови, нагласувајќи дека ќе следува уште поголемо засилување како одговор на неодамнешните гласни изјави на неговиот противкандидат Енрике Рикелме.
„Можам да ви раскажам за три трансфери: на Жозе Мурињо, Ибрахима Конате и Дензел Дaмфрис. Но, ќе има и други. Во вторник ќе испратам сериозна понуда за фантастичен играч од врвен клуб кој настапува во Лигата на шампиони. Тоа ќе биде најголемата сума што Реал Мадрид некогаш ја платил за еден фудбалер – најмалку 150 милиони евра. Мајкл Олисе е одличен играч, но не е тој на кого мислам. Ниту Џереми Доку, ниту Ерлинг Хaланд. Ниту Хари Кејн. Тој игра и во средниот ред и во нападот“, изјави Перез.
Шпанските и француските медиуми веќе открија дека се работи за Жоао Невеш од Пари Сен Жермен. Тој две години по ред со францускиот гигант ја освојува европската круна.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













