Connect with us

Реал Мадрид ќе „извиси“ и за Упамекано, тој е блиску до нов договор со Баерн

Реал Мадрид се откажа од дефанзивецот на Баерн Минхен, Дајот Упамекано, објави „ЕСПН“.
„Кралевите“ ја истражуваа можноста да го ангажираат 27-годишниот Французин, чиј договор истекува на крајот од сезоната.

Меѓутоа, Упамекано е во напредни преговори за продолжување на договорот и преферира да остане на „Алијанц Арена“. На „Бернабеу“ потенцијалниот трансфер на дефанзивецот веќе практично е исклучен.


Тој е вториот играч на Баерн во последно време што Реал Мадрид сака да го доведе, но не успева да го привлече, по Алфонсо Дејвис.

Баерн и францускиот репрезентативец се согласиле за речиси сите точки од новиот договор.

Оваа сезона Упамекано има одиграно 21 натпревар за Баерн во сите натпреварувања и постигнал еден гол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови