Огромен предизвик би можел да го врати Јирген Клоп во тренерската професија. Реал Мадрид размислува за опцијата Германецот да го преземе тимот уште ова лето.
„Кралевите“ во Клоп гледаат совршен наследник на Карло Анчелоти, бидејќи Германецот докажал дека одлично работи со ѕвезди и знае како да развива млади таленти. Од почетокот на оваа година, поранешниот менаџер на Ливерпул е глобален директор за фудбал во „Ред Бул“, но понуда од Реал сигурно би го натерала да размисли да се врати експресно на тренерската професија.
Клоп беше посакуван и од фудбалските федерации на Бразил и на САД, но малку е веројатно дека го привлекува идејата да стане селектор. Во исто време, Анчелоти останува избор број 1 за Бразилците, па ако Италијанецот ја прифати понудата, преговорите со Клоп ќе станат реална можност.
Досега Чаби Алонсо се споменуваше како најсериозен кандидат за наследник на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













