Connect with us

Реал Мадрид ги почна преговорите за трансферот на Сити

Реал Мадрид започна преговори со Манчестер Сити околу доведувањето на играчот од средниот ред Родри. Флорентино Перез даде своја согласност за таков трансфер.

Се верува дека “кралевите” се подготвени да платат од 50 до 60 милиони евра за капитенот на светскиот шампион Шпанија, но најверојатно Манчестер Сити ќе побара повеќе пари, иако договорот на 30-годишниот фудбалер истекува следното лето.

Од друга страна, уште пред неколку дена новинарот Николо Скира откри дека Родри веќе се договорил со Реал Мадрид за петгодишен договор. Сега останува и клубовите да ја договорат зделката.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови