Реал Мадрид разгледува можност за враќање на еден од своите поранешни таленти, левиот бек Алваро Карерас, кој моментално настапува за Бенфика. Според шпанскиот весник „АС“, 22-годишниот дефанзивец е под лупа на раководството на кралскиот клуб, кое го смета за потенцијално засилување за летниот преоден рок.
Бенфика, која го доведе Карерас од Манчестер Јунајтед за 6 милиони евра, сака да заработи значително повеќе и ја проценува неговата вредност на околу 60 милиони евра. Сепак, Реал Мадрид не е подготвен да плати толку висока сума и ќе се обиде да ја намали цената на трансферот.
Интересно е што „црвените ѓаволи“ сè уште имаат клаузула за откуп на Карерас вредна 18 милиони евра, но се смета дека тој не влегува во идните планови на клубот, што може да му оди во прилог на Реал. Извори блиски до трансферот тврдат дека англискиот клуб би го пуштил за сума меѓу 30 и 35 милиони евра.
Карерас има солидна сезона зад себе – на 47 настапи за Бенфика постигна 4 гола и забележа 5 асистенции. Во договорот со португалскиот тим има ослободителна клаузула вредна 42 милиони евра, но и покрај тоа, Реал Мадрид верува дека може да го донесе за пониска сума.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно













