Реал Мадрид ќе го продолжи договорот со голманот Тибо Куртоа до 2028 година. Според информациите на шпанскиот медиум „Релево“, 32-годишниот белгиски голман добил понуда за продолжување на неговиот актуелен договор за уште две години.
Реал Мадрид го смета Куртоа за најдобрата опција на голманската позиција, па затоа клубот ќе направи исклучок од непишаното правило според кое фудбалерите над 30 години можат да продолжат само за една сезона. Иако договорот сè уште не е официјално потпишан, преговорите меѓу двете страни се во тек.
Куртоа се приклучи на Реал Мадрид во 2018 година, а во 2021 година потпиша петгодишен договор. До сега, тој има одиграно 308 натпревари за клубот во Ла Лига и 60 натпревари во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













