Реал Мадрид не чекаше долго по сознанието дека шансите за ангажман на Родри значително се намалени. Во таборот на „кралскиот клуб“ веќе е подготвен алтернативниот план, а првото име на листата на желби е Мартин Зубименди.
Шпанскиот репрезентативец, кој настапува за Арсенал, е играч што Реал го следи подолг период и во него гледа идеално решение за засилување на средниот ред. Доколку трансферот на Родри дефинитивно пропадне, мадридскиот гигант би можел да ги насочи сите сили кон обид да го доведе Зубименди на „Сантијаго Бернабеу“.
Зубименди не е „недопирлив“ во Арсенал, па Микел Артета би можел да се сложи на трансфер, посебно ако тоа значи и дека ќе ослободи дополнителен буџет за нови засилувања. Зубименди би паднал во втор план, доколку Бруно Гимараеш пристигне на „Емирати“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













