Реал Мадрид конечно се врати на победничките патеки, совладувајќи го Алавес со 2-1 на „Сантијаго Бернабеу“, во натпревар кој донесе олеснување по серијата разочарувачки резултати.
Домаќините отворија силно и поведоа во 30. минута преку Килијан Мбапе, кој по една мешаница во шеснаесетникот успеа да ја затресе мрежата на гостите.
Лоша вест за Реал беше повредата на Едер Милитао, кој пред крајот на првото полувреме мораше да го напушти теренот, а на негово место влезе Антонио Рудигер.
Во продолжението, „кралскиот клуб“ го реши натпреварот во своја корист. Во 50. минута Винисиус Жуниор постигна фантастичен гол од далечина и зголеми на 2:0, практично ставајќи крај на дилемите околу победникот.
Алавес успеа само да го ублажи поразот во судиското продолжение преку Тони Мартинез, но без реална закана за пресврт.
Со овој триумф, Реал Мадрид стигна до 73 бода и остана на второто место во Ла Лига, додека Алавес е 17-ти со 33 бодови.
Во друг натпревар, Бетис славеше со 2-2 на гостувањето кај Џирона, во дуел исполнет со пресврти и драма.
Џирона поведе преку Виктор Циганков, но Марк Рока израмни пред паузата.
Во второто полувреме следеше вистинска борба. Абде Еззазули донесе пресврт, Азедин Унахи израмни од пенал, а конечниот удар од Бетис го зададе Родриго Рикелме.
Бетис со оваа победа стигна до петтата позиција со 49 бодови, а дополнителна добра вест за тимот е враќањето на Иско по подолга пауза. Џирона останува на 11. место со 38 бодови.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













