Connect with us

Реал и Лион се договорија за позајмицата на Ендрик

Напаѓачот на Реал Мадрид, Ендрик, во јануари ќе се пресели на позајмица во Лион. Двата клуба постигнале договор за зделката.

Во договорот за позајмицата на Бразилецот нема клаузула за откуп, а францускиот клуб ќе покрива половина од неговата плата.

Од почетокот на сезоната, Ендрик се соочува со сериозни тешкотии на „Бернабеу“. Тој настапи на само три натпревари под водство на Чаби Алонсо.

Договорот на бразилскиот фудбалер со Реал Мадрид важи до летото 2030 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови